кардио тренинг

Кардио тренинг

Дали и колку кардио тренинг ти треба

Епизода 662 – Колку часа кардио тренинг е доволно да се прави во текот на една недела? – прашање поставено од @mimi.markovic

Во суштина не постои доволно или нормано. Не постои граница, часови или минути кога е најдобро и колку пати во неделата. Се зависи од твојата цел. Доколку можеби целта ти е намалување на масти, во тој случај јас би рекол и секој ден од 30 минути до 1 час. Првенствено, самиот збор кардио значи дека е одлично за работата на срцето. Не за џабе се вели за луѓе со проблеми со срце да практикуваат кардио вежби. Така да не постои идеално, но постојат некои насоки.

Кардио кога топиш масти

Ако мене ме прашуваш како е најдобро имам неколку правила кои сум ги прифатил за себе и за моите клиенти. Ако сакаш да намалуваш масти, во тој случај јас би ти рекол да правиш тежински тренинзи и на крајот од твојот тренинг додади кардио дел кој што ќе биде 15 минутино вежбање во интервали. На пример 1 минута спринт 1 минута џог и така повтори од 5 до 7 пати. Тоа е најдобриот кардио начин како да повлечеш топење на масти.

Кардио за општо здравје и енергија

Од друга страна доколку се работи за општо здравје, кардио е добро и секој ден да го имаш. Дури и ако немаш тежински тренинзи, во тие денови имај само кардио како трчање, возење точак, пливање и слично. Затоа не би ти кажал правило некакво што вели 2,3 или 4 часа во текот на неделата туку би ти дал насоки во зависност од твојата цел.

И се разбира, било која од овие цели нема да ти стане реалност доколку прво не се посветиш на исхраната. Макар и да правиш кардио секој ден нема да потрошиш и согориш толку калории колку што можеш да изедеш :). И секако слободно практикувај само тренинзи кардио кои што ќе бидат доста интензивни и интервални без разлика дали воопшто и вежбаш фитнес.

Добриот изглед и здравје не се толку комлицирани колку што твојата глава може да ги направи. Дојди на школа за исхрана и среди си го начинот на живот за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.