путер од кикирики

Путер од кикирики

Факти за путер од кикирики

Епизода 660 – Дали може да позборуваш за фактите и бенефитите на путер од кикирики? – прашање поставено од @ivana.krsteska.9

Сигурен сум дека не е ништо ново да се сретне за путер од кикирики. Сигурно до сега и ти самата знаеш и си слушала позитивни коментари, само што ти треба потврда :). И верувам дека повеќето од вас кои што сте посвесни за квалитетен начин на исхрана, здравје и велнес, знаете дека путерот од кикирики е добар и го користите.

Бенефитите од него е тоа што има голема количина на добри масти. Некаде 50 % од неговата количина и содржина е масти во најголем дел заситени и мононезаситени (т.н. стабилни масти). Има исто така добра количина на протени, некаде над 20% и исто така има и помала количина на јаглехидрати. Таквиот нутритивен состав го прави одличен продукт. Дополнително на тоа да не зборуваме дека има и растителни влакна во составот. Има и одредено количество на минерали и витамини што го прави идеален за користење како додаток во исхраната. На пример можеш да го додаваш во шејкови, во ужината или да го мачкаш на оризови галети или некој протеински леб.

Каде се границите

Она што е единствен ризик е што е доста калоричен и доколку го консумираш гледај да не биде повеќе од една лажица за девојка, односно 2 лажици за маж во текот на денот. И се разбира гледај во производството на путерот од кикирики да нема додавање на дополнително масло, особено не растително или палмино масло и некои дополнителни хемии.

Многу од производителите знаат да додаваат се’ со цел на рафт да можат да го продадат по пониска цена. Единствено би требало во самиот состав на путерот од кикирики да има кикирики и сол. Тоа е најдобриот начин да си подготвиш путер од кикирики. Така да Ивана тоа е мојот одговор за бенефитите од користење на путерот од кикирики.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.