аналгин по вежбање

Аналгин по вежбање

Дали за опуштање е добро да користиш аналгин по вежбање

Епизода 688 – Славчо прашува дали употреба на аналгин по вежбање е добра стратегија за мускулите?

Mе иницираше ова прашање да видам навистина што се случува со користење на аналгетици кои што често знаат да ги користат луѓето кои што вежбаат. Имаат цел да го намалат воспалението и да си помогнат. Ти дефинитивно го намалуваш воспалението, но не е тоа најдобриот начин за да постигнуваш регенерација и телото не е среќно со тоа.

Зошто е тоа така? Прва работа, кога го ставаме телото на оптеретување често искусуваме болка во мускулите. Таа болка е практично воспалението кое што укажува дека во телото се случува регенерација. При секоја подолга физичка активност во телото се ослободуваат биохемиски соединенија кои што се викаат простагландини. Всушност тие се тригерот зошто ние имаме болка во мускулите.

Доколку користиш аналгетици ќе се засенат овие соединенија и нема да се продуцираат и да се појават во количини во телото кои што се потребни. Баш овие просталгандини овозможуваат поголема еластичност и ширење на крвните садови, а тоа овозможува поголем проток на крв. Тој поголем проток на крв значи и повеќе кислород и носење на важни нутриенти и аминокиселини за да  се случува регенерацијата во мускулите.

Кои се ризиците од потиснување на простагландини

Аналгин по вежбање е докажано дека може да ја пореметува и работата на бубрезите. Тој поголем проток на крв мора да помине и низ нив. Научни студии зборуваат дека особено атлетичари кои што имаат секојдневно тренинзи, доколку користат аналгетици често им се јавува зголемено ниво на креатинин во крв што укажува на акутен проблем со бубрезите. Тоа не е нешто хронично, но можеби ќе се случи да после одреден период има посериозен проблем со бубрезите.

Исто така направен е експеримент во лабааторија кај глувци. Забележано е дека баш овие простагландини поттикнуваат размножување на матични клетки во оштететените мускули. Тие подоцна треба да го регенерираат мускулот и да направат повеќе клетки. Така и всушност расте мускулнтата маса во телото и стануваме посилни.

Многу подобра стратегија е можеби да користиш спа третмани, сауни, крио сауни, ладен туш. И затоа треба да го прифатиме американоското “no pain no gain”.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *