антибиотици

Антибиотици

Антибиотици и нивно влијание на мускулната маса

Дали ако сме болни и ако внесуваме антибиотици и лекарства ќе придонесува за намалување на мускулната маса? – прашање поставено од @ivana.krsteska.9

Нема директна поврзаност за тоа ако пиеш антибиотици или некакви лекарства со мускулната маса. Прво е многу важно какви се тие антибиотици. Постојат стотици различни типови на антибиотици кои што се користат во најразлични потреби за нашите воспалителни процеси. Она што најдов е дека одредени лекарства можат да зголемат веројатност од повреда на тетивите. Сепак за да се случи тоа би требало да ја пиеш таа конкретна фамилија на антибиотици на долг рок и да вежбаш во исто време. Затоа не може директно да кажеме дека влијае.

Втора работа е за колкав рок се работи. Најчесто антибиотиците ги пиеме недела или две кога сме болни. Некои луѓе можеби користат и на подолг период, но повторно нема директно влијание врз мускулната маса. Она каде што има влијание е дигестивниот систем, затоа што овој тип на терапии не знаат кои се добрите а кои се лошите бактерии. Ги убиваат сите заедно. Постои ризик да  се загрози обработката на храната која што влегува во дигестивниот систем. Сепак и во овој случај постојат и пробиотици кои што ја зголемуваат бројката на пријателски бактерии. Затоа користењето на јогурт и кефир особено се препорачливи, па макар и да не си болна.

Колку се одмараш

Трета работа која што би ја спомнал во оваа ситуација е да имаш одмор. И доколку би сакала да му помогнеш на имунитетот побрзо да се избори со болеста, во тој случај можеби е најпаметно да не вежбаш. Вежбањето создава дополнителен напор на телото како трошење на електролити и трошење на витамини и минерали кои што се потребни за да му дадат поддршка на имунолошкиот систем. Затоа гледај да одмараш доволно додека не се опоравиш.

Дополнително одморот е местото и времето кој што најмногу помага за регенерација. Следствено на тоа е раст на мускулна маса. Така да конечниот одговор е дека овие лекарства нема директно да влијаат врз намалување и оштетување на мускулната маса, но ова се некои работи кои што можеш да ги земеш во предвид кога користиш антибиотици. Така ќе си помогнеш за побрзо опоравување и за побрзо враќање на тренежниот процес.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.