Како да внесеш доволно калории без гладување
Епизода 685 – како без гладување да го запазам потребниот внес на калории? – прашање поставено од @mihaelaneshovska
Не знам зошто се поврзува гладувањето со незапазување на калории и обратно. Но, разбирам која е твојата филозофија и ќе се обидам да те извлечам од таму. Со самото тоа што немаш глад значи дека најверојатно запазуваш калории и можеби запазуваш тие калории да имаат добар состав.
Луѓето често се нафаќаат на гладување и редукциони диети. Сметаат дека внесувањето на помалку калории отколку што ти треба или калориски дефицит ќе те донесе до слабеење. Во принцип тоа е точно, но проблемот доаѓа од тоа што луѓето се преоптеретени со тоа колку брзо и колку многу ќе ослабат. Притоа одат во екстреми односно одат во калориски дефицити кои што не се одржливи на долг рок. Истите на телото можат да му донесат метаболички промени и да се поремети целиот систем и целиот метаболизам.
Рестрикција не значи квалитет
Негладувањето не значи дека ти имаш погрешна исхрана. Оваквата перцепција се јавува од причина што прејадувањата или јадењето на junk food попладне носи многу повеќе калории и качуваш килажа. Тогаш, логиката во глава е дека треба да гладувам попладне кога ми се кризите. Ќе се натерам да стегам заби и ништо да не јадам. Така нема да претерам со калории и ќе слабеам.
Но, тука има една замка. Попладневните прејадувања кои што обично луѓето ги искусуваат не се секогаш резултат на недостаток на калории. Многу повеќе се резултат на сиромашност на исхраната. Дури и да внесуваш доволно калории најверојатно тие се сиромашни. Немаат доволно протеини, масти, добри јаглехидрати, витамини и минерали – она што претставува гориво за нашето тело.
Да ти кажам дека треба да броиш калории е многу очекуван совет, но од искуство знам дека не е одржливо во твојот ден. Сепак ти си само обичен човек што нема толку познавање за броење на калории ниту па треба да има за да може да се храни подобро. Има нешто што јас го практикувам и константно го зборувам со луѓето со кои што работам во школите за правилна исхрана. Доколку целта не ти е да станеш врвен спортист и доколку не заработуваш од тоа колку добро изгледаш, тогаш нема потреба да одиш во такви замарања и екстреми. Треба само да воспоставиш еден оптимален ден и редовност на оброци.
Што е решението
Јас најчесто советувам, кога ќе станеш во првиот час да појадуваш, да имаш оброци на 3 до 4 часа, со тоа што ти ќе си ги распоредуваш според твојот биоритам. Целата идеа е појадокот и ручекот – двата главни оброци да бидат комплетни. Потоа да имаш некакви меѓуоброци и да имаш вечера во крајот на денот, не подоцна од 2 часа пред да легнуваш. Кога ќе имаш еден таков начин и распоред на исхраната, нема да гладуваш. Втора работа, веројатноста дека ќе се јават кризи за благо, грицки, junk food ќе биде помала. И трета работа е дека веројатноста дека хранливите вредности ќе ги задоволиш се големи.
Затоа ова според мене е “win” ситуација за обичниот човек. Нема потреба да се замараш со калории, колку изеде, колку претера, дефицит ли е, не ли е. Тоа е една работа од која што луѓето бегаат и се откажуваат. Никој од нас не сака да живее во рамка и во режим, затоа не поврзувај гладување со добар изглед. Ти можеш да не гладуваш и да внесеш доволно калории. Можеш и да гладуваш, а повторно да внесеш или да не внесеш доволно калории. Воопшто не се оптеретувај и извади ги од глава бројките, датумите и бројките на вага затооа што тие ти се непријател.
Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe
2 Comments