идеи за појадок

Идеи за појадок

10 идеи за појадок

Јас никогаш не сум се занимавал да мислам идеи за појадок. Но, периодов пробувам intermitent fasting заедно со кето исхрана, чисто за да видам како ќе ми функционира на мене. Исто така сакам да го знам процесот, придобивките и недостатоците. Сакам да пренесам квалитетна информација и знаење на моите следбеници и на луѓето со кои што работам. Истовремено додека го правам ова заклучив и зошто луѓето не можат на долг рок да одржат добар изглед и квалитетен животен стил.

Имено повеќето од нас ќе слушнат за одреден начин на исхрана што е трендинг и што на некого му дава резултат и веднаш скокаат по него. На почеток се воодушевени и ги гледаат резултатите, но како и за се’ друго, после одреден период ентузијазмот паѓа и здосадува. И откако ќе прекине со тој начин на исхрана веднаш се враќа на единствениот познат начин на живот до тогаш, а тоа е истиот оној кој те донел до она ‘како не сакаш да изгледаш’.

Каде е твојот дом

Затоа периодов размислував за тоа дека мора да постои некаква градација на работите. Јас пред повеќе од 8 години почнав да ги менувам моите навики во исхраната. Почнав да практикувам појадок и оброци на 3-4 часа затоа што ми се допаѓаше дека нема да гладувам и ми изгледаше логично. Истото и го правам до ден денес. Тој начин е мојот основен начин на исхрана – мојот дом. И без разлика дали сум одлучил од време на време да пробувам веганство, bulking, кето или intermittent fasting, секогаш се враќам во мојот познат дом што секако функционира и ми дава енергија и добар изглед.

Можеби е време и ти да размислуваш на тоа, а не само да скокаш од една диета или исхрана на друга. Не постои идеална. И доколку ти прави логика сето ова, тогаш зошто да не почнеш и ти со појадок во првиот пола саат од будење и оброци на 3-4 часа. Дури најди си ако сакаш и начин на исхрана според твоите потреби, но нека биде со добар старт на денот и редовност на оброците. И кога велам добар старт тоа не подразбира само да биде здраво. Многу од луѓето за појадок прават импровизации или јадат само овошје или пак смути. Стартот на денот само со овошје е еден од најдобрите начини никогаш да не воспотавиш ред со исхраната и изгледот.

Бидејќи и не сите го прифаќаат она што јас го имам за појадок поради страв или предрасуди еве некои опции што можеби ќе ти помогнат за да не импровизираш со стартот на денот.

10-те идеи за појадок

  1. Згответе си свеж или смрзнат спанаќ во микробранова печка. Одозгора турете јајца на око или белки од јајца и малку оцет-балсамико. Послужете со свежо овошје како прилог и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  2. Протеински шејк приготвен со протеин во прав растителен или 3 супени лажици сурутка на пример. Млеко со ниска масленост или млеко од соја. 3–4 лажици овес, парче овошје и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  3. Немасно кисело млеко или урда. Одозгора свежо овошје и цимет или исечкан свеж зеленчук со малку свеж бибер, во зависност од тоа што повеќе сакате.
  4. Овесни снегулки приготвени со млеко од соја или со обично млеко. Откако ќе ги сварите снегулките, додајте протеин во прав и овошје и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  5. Загреани пченкарни тортиљи и одозгора црн грав. Попрскајте ги со рендан кашкавал и салца. И на крај додајте малку свежо овошје и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  6. Интегрално печено лепче намачкано со авокадо и парчиња мисиркини гради. Свежо овошје и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  7. На тврдо тофу исцедете му ја водата, изронете го и пропржете го со малку маслиново масло и свеж зеленчук и билки. Свежо овошје и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  8. Интегрални крекери попрскани со немасно рикота сирење. Одозгора парченца шумско овошје и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  9. Чаден лосос на тостиран интегрален леб. Свежо овошје и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).
  10. Одличен појадок може да приготвите и со состојки што ви останале. На пример мешани интегрални житарки, протеин и зеленчук и 10тина јатки по избор (бадем, лешник итн).

Остави коментар

Your email address will not be published.