слабеење без леб благо

Слабеење без леб благо и газирано

Слабеење без леб, благо и газирано – дали е доволно

Епизода 599 – Дали слабеење без леб благо и газирано е доволно?? – прашање поставено од @sandramalevska.

Се разбира дека не! Добрата исхрана, добриот изглед и тоа како ќе се чувствуваш и колку ќе бидеш здрав/а не е во тоа што нема да го изедеш. Добрата исхрана е напротив во тоа што ќе го изедеш.

Храната не ти е непријател. храната е напротив тоа што ти дава гориво. Избирајки добри продукти, внесувајки добра хранлива вредност во твојот ден и со пиење на доволно вода ќе придонесеш во не здебелување. Многу е погрешна стратегијата да барате начин како да ослабнете. Тоа најчесто е на многу краток рок и најчесто се бираат “shortcuts”. Ако бараш начин како да не се здебелиш, како да имаш доволно енергија и како да одржуваш добро здравје, тогаш си победник. Само така ќе прифатиш дека на долг рок треба да воспоставиш добар начин на живот. Многу е едноставно.


БЛАГО БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ


Тајната

Ако исфрлиш леб или благо не значи дека телото ќе биде задоволно и нема да создава нови масти. Тајната е да најдеш начин како да не се појавуваат кризите за благо, тесто, грицки итн. Колку и да стегаш заби и да се зарекуваш дека нема повеќе да јадеш, кога тогаш ќе бидеш победен од потребата на твоето тело.

Мојата филозофија е појадок во првиот пола саат до саат од будење. Потоа имам оброци на 3-4 часа, пијам вода и сум умерено активен. И не е дека ги рушам моите лимити и давам нешто максимум кога вежбам, но и немам некои високи цели. За еден добар изглед и добра енергија тоа е сосема доволно. Ако ти треба точно подобри и поконкретни насоки за твојот ден, твоите цели слободно обрати ми се назад и пиши ми или приклучи се на школа за исхрана и реши го овој проблем за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

6 Comments


  1. Dali e opasno da pies 6 litra gazirani sokovi dnevno i kako da ja pobedis zavisnosta od gaziranite sokovi

    1. Author

      Игор, тоа е премногу и не е опасно додека ги пиеш туку опасноста доаѓа во следните години кога ќе почнеш да ги чувствуваш последиците од премногу шеќер. Прочитај јa статијава на следниов линк, можеби ќе ти помогне.
      https://josifdamjanov.com/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%BE-%D0%B8-%D1%88%D0%B5%D1%9C%D0%B5%D1%80%D0%B8/




Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *