Слабеење мажи vs. жени – зошто постои разлика
Дали постои разлика во брзината и интензитетот на слабеење мажи vs. жени? Да. Дел од причината е што “Марс” и “Венера” имаат различен пристап кога се работи за слабеење. Другиот дел е оној кој произлегува од природниот закон на телото. Мажите генерално имаат поголеми шанси да дојдат до резултат побрзо. Но, има причина зошто е тоа така и тоа не треба да значи дека жените треба да се разочараат. Ниту па треба да најдат изговор или пак да не практикувате одреден начин на исхрана заедно како пар ☺.
Прво, мажите се генерално повисоки и носат поголема килажа на мускулна маса. Тоа придонесува нивниот метаболизам во мирување да согорува повеќе калории. Второ, мажите најчесто нивниот вишок на масти го носат околу стомак што е полесно да се губи. За разлика од стомакот кај мажите, жените имаат масти кои се комбинирано поделени околу стомак, гради и колкови. И се разбира најнепосакуваниот дел целулит најчесто концентриран на екстремитети.
Не е само природниот закон на телото
И, уште нешто за кое не знам дали ќе се сложиме е карактерот ☺. Мажите можат да се водат по стриктен план, додека жените сакаат и флексибилност. Мажите кога немаат предизвик (активатор на его) од оваков тип вистински јадат и губат осет за количина. Но, кога ќе се појави некаков страв или ќе приметат дека се преминала линијата знаат да бидат подисциплинирани и ригорозни. “Само кажи што треба да правам и ќе правам”. Жените пак сакаат да имаат контрола врз се’ па често знаат да преговараат во врска со исхраната. “А еве што ако имам 2 коцки чоколадо после ручек”. Жените исто така често бараат поддршка од партнерот, пријателки, некоја група или тренер.
Ова не значи дека жените не знаат да бидат ригорозни и дека не можат да направат подобар резултат од мажите. Се работи за континуитет и трпение на крајот на денот.
6 Comments