храна пред вежбање

Храна пред вежбање

Каква, кога и колку храна пред вежбање

Епизода 680 – како треба да изгледа оброкот и храна пред вежбање? И колку време пред вежбање треба да јадам? – прашање поставено од Игор

Ако провериш на интернет за оваа тема, главата ќе ти се направи шпагети :). Луѓето имаат претстава дека е прекомплицирано да направиш оброк пред вежбање. Причината е тоа што консумираме многу содржини од луѓе кои што имаат високи амбиции и цели за тоа како треба да изгледа нивното тело.

Доколку не си во групата на луѓе кои што живеат од спорт, тогаш не мора да се предвиди секој грам на калории и нутритивна вредност која што ќе ја внесеш. Доколку немаш натпреварувачки амбиции за своето тело, тогаш не треба да е прекомплицирано. Многу луѓе се во прашалници за соодносот на протеини со јаглехидрати. Па се прашуваат колку време пред тренинг. Дали да спиеш, па што ако не спиеш. Па да не влезеш во катаболизам итн. Тоа се многу непотребни работи кои што твојот мозок ги добива.

Но, сепак и да немаш високи амбиции добро е кога одиш на вежбање да имаш енергија. Кога имаш енергија повеќе се даваш, имаш добро чувство потоа имаш многу подобра синтеза на протеин во самите мускули. Тоа ќе придонесе за многу подобар резултат и подобар тренинг следниот пат.

Клучните нутриенти

Два макронутриенти се клучни кога зборуваме за оброк пред вежбање. Тоа се протеини и јаглехидрати. Некаде околу 20 до 25 грама протеин ти требаат да ги внесеш во телотот пред вежбање и најмалку 30 грама на јаглехидрати. Времето во кое што треба да го јадеш тоа зависи од тоа каков оброк ќе јадеш. Доколку се работи за храна што треба да ја џвакаш (риба, месо, ориз, салата, и.т.н.) нека биде минимум 90 минути пред вежбање, а максиму 150 минути. Конвенционалните оброци бараат повеќе време за да се обработат.

Доколку е храна која што нема да ја џвакаш како протеински шејк или заменски оброк како што правам јас, тогаш можеш и 30 минути пред вежбање. Па дури и 15 минути пред вежбање. Во оваков случај имаш брза апсорпција на хранливата вредност и веднаш доаѓа до енергија.

Континуитетот е крал

Немој да го бараш најдобриот оброк за пред вежбање. Јади и распоредувај онака како што тебе ти одговара во текот на денот и консумирај нешто што тебе ти е вкусно. Доколку тебе ти е прилагодливо во секојдневието и доколку ти е добро на вкус тоа значи дека ќе го практикуваш на долг рок, а ако го практикуваш на долг рок ќе имаш континуитет. Тоа е најважното нешто за да имаш резултат.

Доколку постојано почнуваш па се двоумиш и менуваш ќе се умориш и ќе се откажеш. Така да доколку е ориз со пилешко нека е ориз со пилешко, ако е протеински шејк нека е протеински шејк, доколку не можеш да јадеш 2 часа и 30 мин пред вежбање нека биде протеински шејк. Постојат и подлабоки детали и формули кои што можам да ти ги сподела на школа за исхрана, но сепак ако си рекреативец не е за тебе и не го прави комплицирано.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.