храна што нарушува хормони

Храна што нарушува хормони

Која е таа здрава храна што нарушува хормони

Епизода 624 – Постојат ли продукти и храна што нарушува хормони?  – прашање поставено од Дарко

Ова е голема и сензитивна тема. Се обидов да најдам нешто по научни студии и има некои работи кои што ми правеа логика, но и некои работи кои што ми е ризично да ги пласирам.

Омега 6

Прво нешто што би го ставил на листата за нарушувач на хормони се’ зеленчукови масла како што е сончогледовото масло. Причината е тоа што таму има голема количина на омега 6. Омега 6 не е штетно, но се смета дека кога ќе се внесува повеќе во телото може да нанесе штета. Ако имате омега 6 повеќе во телото отколку што имате омега 3 , тогаш се случува лош процес. Омега 6 мастите кога се вишок ги помагаат воспалителните процеси. По автоматизам тоа значи дека ќе придонесе за да се наруши нивото на кортизол, на тестостерон и на некои други хормони.

За да не се плашиш дека ќе претераш внесувај доволно морска храна. Барем 2-3 пати неделно и се разбира моја топла препорака е да суплиментираш омега 3 во твојата исхрана. На тој начин најверојатно нема да дозволиш омега 6 да ги надмине количините на омега 3. Исто така би ти препорачал да го исфрлиш сончогледовото масло од употреба особено за готвење. Ладно цедено маслиново масло или путер нека ти бидат мастите кој што ќе ги користиш за готвење.

Ленено семе

ВНИМАНИЕ! 🙂 Овој продукт не би го ставил во продукт кој што не треба да се користи. Напротив! Ленено семе има една масна кисленина  ALA која што не се конвертира целосно во омега 3, туку само некаде 8 -10 %. Во некои научни студии претпоставуваат и велат дека го има истиот ефект кога ќе се претера со омега 6 и дека ги имитира естрогените во телото. Но, како и да е, сето тоа е сеуште не баш точно потврдено.

Затоа не се плаши со лененото семе, но гледај да не го користиш фанатично. Многу често луѓето си велат: “Еј супер здраво е лененото семе за дигестивен систем” и удри внесувај големи количини. Нека не биде повеќе од 2 супени лажици на дневно ниво. Зборував пред некоја недела дека ленено мелено семе е многу подобра верзија. Заклучок е дека него би го ставил на второ место за опасност од претерување и притоа нарушување на хормоналниот систем.

Казеин

На трето место би ставил одредени млечни продукти кои што содржат повеќе казеин. Казеинот има едно нешто што се вика BCM7. Toa e состојка која што може да го наруши хормоналниот систем, поточно еден хормон IGF – insulin growth factor. Тоа не значи дека не ти е потребен овој хормон, но кога се нарушени вредностите тоа повлекува дополнителни нарушувања особено кај млади личности во развој. Продукти кои што содржат казеин ти се урда, протеински прашоци кои што повеќе во својот состав имаат казеин и слично. Повторно, тоа не значи дека треба сега да се исфрлат. Затоа најдобар начин за како да не се секираш и за ова е да користиш млечни продукти од козјо млеко како козјо сирење, урда и.т.н.

Така да тие се 3 здрави продукти кои што би ги издвоил и за кои што најдов дека може да го нарушат хормоналниот систем. Затоа мојата филозофија е дека не постои продукт кој што е прездрав и кој што треба фанатично да го користиме мислејки дека ќе донесе уште поголем бенефит. Тоа не постои. Ако го претерате значи дека ќе донесе контра ефект.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *