што се растителни влакна

Што се растителни влакна

Што се растителни влакна и зошто се важни во исхраната?

Многу луѓе не знаат точно што се растителни влакна. Не се ни свесни дека растителните влакна се вид на јаглехидрати и се сметаат за најважен фактор во исхраната што помага за здрава дигестија. Без нив не е можна обработка на храна и чистење на цревата. Дополнително и во зависност од тоа во која група припаѓаат помагаат и за чистење на крвните садови. Затоа избегнувањето на јаглехидрати може да биде фатална стратегија. Затоа ќе слушнете за случаеви каде што после диета или неправилен начин на исхрана се навлекува одредена бактерија или проблем со дигестивниот тракт.

Каде ги има

Растителните влакна, што ги има во храна како што е овошје, зеленчук и житарки, играат многу важна улога во одржување на здравјето на телото. Симптоми на недоволен внес од овие влакна се киселини, подуеност, проблеми со столица, нарушен имунитет, честа појава на акни по лицето и слично.

Нерастворливите растителни влакна само поминуваат низ дигествиниот систем. Најмногу помагаат за нормална лаксација на цревата односно за добра столица. Овие другите – растворливите растителни се апсорбираат во крвотокот. Нивната улога е исто така на еден начин да ги прочистуваат “цефководите”. Растворливите растителни влакна ги прочистуваат крвните садови. Доколку се внесуваат во доволни количини и редовно, тогаш ќе обезбедат редовно сервисирање. Најверојатно во таков случај никогаш нема да видите покачен холестерол или триглицериди.

Обидете се овие добри извори на растителни влакна да ги додадете во секојдневната исхрана:

  • Грав, мешунки, интегрален ориз и тестенини, интегрален леб, јатки, семиња и трици, зеленчук и овошје

За возрасни лица се препорачува да внесуваат 25 гр. растителни влакна дневно или во превод 5–7 порции на овошје или зеленчук. Повеќето луѓе не ја внесуваат оваа количина, па затоа моја препорака се додатоци во исхрана богати со растителни влакна. Корисните ефекти ќе ги почувствувате за многу краток период.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *