апчиња и хеланки

Апчиња и хеланки

Колку ќе ослабнеш со хеланки и апчиња

Епизода 666 – Дали апчиња и хеланки за слабеење може да ми направат штета? – прашање поставено од Маја

Претпоставувам дека веќе го знаеш одговорот затоа што јас не познавам човек што на долг рок успеал да изгледа добро, да се чувствува добро и да биде здрав користејки хеланки за слабеење или апчиња. Сеуште постојат личности и компании кои што произведуваат такви работи и кои што ни пласираат чуда. Со многу добра терминологија и реклами од “задоволни” луѓе успеваат да не’ намамат.

Тоа е најголемата глупост во која што може да поверувате. Прва работа, телото никогаш нема да се здебели затоа што вие не користите апчиња за слабеење. Исто, никогаш нема да се поправите затоа што не користите хеланки за слабеење. Неквалитетната исхрана носи вишок на килажа, загрозено здравје, помалку енергија. И нормално е дека исклучиво добра исхрана и животен стил може да те донесе до она што ти го посакуваш во изглед, здравје и чувство. Затоа ако зборуваме за апчињата за слабеење она што најчесто го прават е мешање во хормоналниот систем на телото. Или чепкаат во одредени хемикалии во мозокот кои што сигнализираат помалку да ти се јаде, да немаш апетит и притоа да слабееш од глад.

Но, истото тоа чепкање во хемикалиите и сигналниот механизам на телото може да е одличен тригер и основа за сериозен хроничен здравствен проблем. Така да, пред се’ јас не би го правел тоа затоа што е опасно за здравјето.

Дали и појаси загрозуваат здравје

Хеланки за слабеење или одредени појаси кои што луѓето ги користат се повторно глупост. Тоа што ќе го покриете телото и ќе гледате повеќе пот мислејки дека топите масти е надвор од секоја логика и наука. Потењето само по себе не е топење на масти. Тоа е исто како да одите во сауна и со тоа што се потите да очекувате да топите матси. Не може да очекувате таква работа.

Јас ги разбирам луѓето кои што можеби се мачат со вишок на килограми затоа што супер звучи да ослабеш за еден месец. Супер звучи да слушнеш нечие туѓо искуство и да посакаш да биде твое искуство. Главното прашање е што ќе правиш кога ќе завршат апчињата за слабеење. Најверојатно ќе се вратиш на стариот начин на живот затоа што тоа е единствениот начин кој што ти е познат.

Не барајте краткорочна стратегија, датум или брзина. Тоа е единствениот начин да не направите резултат на долг рок и да немате одржливо решение. Гледајте задоволувате го телото со добар појадок, редовност на оброци и вода. Гледајте имајте умерена физичка активност па макар и пешачење.

Не барај стратегија како брзо да ослабеш, тоа е погрешен пристап. Барај начин како да не се здебелиш, како да се чувствуваш добро, енергично и да имаш добро здравје. Дефинитивно, хеланки и апчиња се едни од најголемите лаги и најдобрите начини како никогаш да не дојдеш до резултат и да си го расипеш здравјето.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.