супа од коски

Супа од коски

Дали е здраво да јадеш супа од коски

Епизода 640 – дали е добро да се варат коски односно да правиме домашна супа од коски? – прашање поставено од Мира

Дефинитивно е добро. Јас искрено немав многу знаење за тоа што се случува кога вариш коски и правиш супа од коски. Знам дека порано тоа било почесто практикувано од моите баби, но никогаш не сум знаел дали и каков бенефит има од тоа. Сепак најдов дека еден од големите бенефити кога вариш коски е дека ќе добиеш голема количина на колаген. Колагенот е исклучително важен за здравје на коски и здравје на кожа. На еден начин тој е дел од градежниот материјал потребен да се создаваат и регенерираат коските и кожата. Тоа е протеин кој што телото треба да го добива.

Друга работа и бенефит е тоа што се добива доста глутамин. Глутаминот е аминокиселина која што е добра за мускулна маса и исто така многу важна за имунитетот. Многу често ќе слушнеш во фитнес светот и околку луѓето кои се физички активни за оваа аминокиселина. Многу често употребуван суплемент. Се добиваат и многу други хранливи вредности особено минерали.

Што друго да додаваш

Баш поради минералите кои што се дел од супата од коски, се препорачува да се додава и јаболков оцет. За да го збогатиш вкусот додади и неколку зеленчуци како во стандардна супа, а јаболковиот оцет ќе ти помогне за подобра апсорпција на минералите кои што доаѓаат од зеленчукот, од коските и општо од храната што ќе ја консумираш тој ден. Така да имаш зелено светло. Јади ја слободно. Особено ова е многу важно за повзрасни луѓе над 45 и 50 години. Би било добро да ја имаат во неделното мени. Најверојатно и јас ќе покренам иницијатива по дома да се варат коски и да се прават супи бидејки се исклучително добри за консумирање :).

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.