благо и шеќер

Благо и шеќер

3 чекори до помалку благо и шеќер

Епизода 686 –  дали е во ред да се лишувам од благо и шеќер? Константно ми се појавува причина да се разубедам и да пробам. Како да постапам за да не го правам тоа – прашање поставено од Фросина.

Mногу луѓе се соочуваат со овој пробем. Jас често знам да зборувам за кризите за благо. Ако некој од вас очекува дека постојат 3 чекори за нејадење на благо, тоа е фарса. Постои  само еден чекор, а тоа е да не јадеш благо. Многу луѓе веруваат дека само треба да најдат подобра замена за благо и многу често тие подобри опции за благо ги бараат во рафтови за здрава храна. Бараат одредени барови кој промовираат извор на шеќери од овошје. Најчесто не внесуваат воопшто помалку шеќери отколку што би внеле кога би јаделе “junk food”.

Можеби сметаш дека мене ми е лесно да зборувам затоа што долго време го правам ова и можеби сметаш дека јас знам нешто што ти не знаеш, но не е така. Со луѓето во школите за правилна исхрана зборуваме за оваа тема.

Што да превземеш

Прво воспостави добри животни навики. За мене тоа е појадок во првиот час од будење, редовност на оброци, пиење доволно вода. На тој начин кризите за благо ќе се намалат или ќе ги снема во целост затоа што потребите за шеќер ќе се намалат. Падовите на шеќер во крв и тие хипо и хипер гликемии ќе бидат минато. Следно и најважно можеби е твојот карактер :). Ова е особено важно за луѓе кои што се на почеток на менување на навиките. Мојот став е дека 9 недели не смеат да помислат на ништо, за да направат “cheating”. Не поради тоа што ќе внесат многу калории, туку затоа што тие се моменти каде што ти ќе го тренираш својот карактер.

Мораш да научиш да бидеш појак/а од парчето храна или задоволството кое што константно те руши и те победува. Тоа значи дека 9 недели не треба да посегнеш по ништо. Ако ја победиш храната ќе ти се зголемува самодовербата и јас ти гарантирам дека ако првите 3 пати кога е најтешко одречеш и ја победиш 10 минутната борба, ќе ти влезе во навика.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.