глукагон

Глукагон

Глукагон – другар му на инсулин

Епизода 683 – дали би можеле да позборувате за хормонот  глукагон, неговото влијание врз човечкиот организам? Ме интересира и користењето на истиот како медијација за превенција на човечки заболувања? – прашње поставено од @bojan_s_13

Глукагонот е комплементарниот хормон на инсулинот. Повторно доаѓа од панкреасот, и практично не се лачи директно во крвотокот туку се лачи во црниот дроб. Овој хормон има задача да му даде на црниот дроб сигнал дека резервите од гликоза се минимални и речиси ги нема. Откако ќе испрати таков сигнал, црниот дроб треба од гликогенот складиран претходно да конвертира повторно гликоза во крвотокот. На тој начин ќе се обезбеди одржливост и ќе може да се снабдуваат потребите за енергија во телото.

Користење при човекови заболувања

Панкреасот го лачи овој хормон исклучиво во такви ситуации, кога нема гликоза во крвотокот. Како што инсулинот може да се купи и да се внесува вештачки истото може да се направи и со овој хормон. Прашањето за медијација за човечки заболувања не сум доволно сигурен дека го разбрав за што всушност мислиш. Како медикамент или како терапија глукагонот се користи е исклучиво кај дијабетичари. Тоа е она што јас го знам. Сепак, не кај сите туку исклучиво кај дијабетичари кои што имаат појава на хипогликемија.

Тогаш всушност се случува паѓање на нивото на шеќерот во крв многу ниско кај што може да се случи и губење. Може да се онесвестат и тогаш знам дека може да се користи глукагонот кој што ќе даде сигнал за да се конвертира дел од гликогенот складиран во црниот дроб во гликоза во крвотокот. За други третмани, терапии и човекови заболувања во кои што се користи глукагон искрено повеќе сум несигурен отколку што сум сигурен за да ти одговорам. Не би зборувал на таа тема и не би навлегувал подлабоко. Тоа е прашање на медицината и доколку веќе имаш потреба или некако проблем најдобро е да зборуваш со твојот лекар.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.