дали јаглехидратите дебелеат

Дали јаглехидратите дебелеат

Дали јаглехидратите дебелеат – зошто ги гледаме како непријател?

Во изминатите неколку децении многумина се прашуваат дали јаглехидратите дебелеат. Од високо почитувани станаа непријател за намалување тежина. Но, дали овој контраверзен макронутриент навистина не е добар за вас?

Луѓето што се на режим на исхрана со намален внес на јаглехидрати очекуваат “побрзи” резултати. Постои и исхрана во која воопшто не се внесуваат јаглехидрати. Се избегнуваат најпознатите извори како што се леб, тестенини, и компири, но дали знаете дека јаглехидрати се кријат и во многу други видови храна?

Кето исхраната на пример е исхрана во која што има многу малку внес на јаглехидрати. Некаде околу 5% од вкупниот калориски дневен внес треба да бидат јаглехидрати. Во главно тоа се зеленчуци и можеби некои од овошјата како лимон, патлиџан, лубеница. Овој начин на исхрана е и научно докажан како добар и многу ефикасен. Дури се смета дека е антивоспалителна исхрана.

Што е со “обичниот” човек

Но, предизвикот се јавува кај обичниот човек. Ако тој/таа нема посериозна фитнес цел или сериозен воспалителен процес или медицинско нарушување. Многу луѓе можеби се преоптоваруваат затоа што овој начин на исхрана бара готвење и спремање на храната пред време. На пример јас кога сум практикувал кето секоја вечер подготвував кутии и не е нешто за што бев возбуден :).

Доколку пак не е кето и сепак се работи само за исхрана со малку јаглехидрати тоа ќе биде доволно да не се влезе во кетоза. Не влегувањето во кетоза ќе значи дека човек често ќе доживува падови на енергија и концентрација.

Она што треба да го разграничуваме кога зборуваме за јаглехидрати е нивниот извор. Односно лош и добар извор на јаглехидрати. Добри се сите извори кои со себе носат и многу други нутриенти како витамини и минерали. Добри се ако сепак се природен извор на јаглехидрати (овошје, зеленчук, мешунки итн). Лоши се сите оние рафинирани јаглехидрати кои ги има во процесирана храна која денес ја има во изобилие во маркетите, а со себе не носи ништо друго освен калории и хемија (емулгатори, конзерванси, бои, ароми, транс масти итн..).

Остави коментар

Your email address will not be published.