домашно или купечко јајце

Домашно или купечко јајце

Кое е подобро – домашно или купечко јајце

Епизода 634 – има ли разлика во квалитет во зависност дали јадам домашно или купечко јајце? – прашање поставено од @valmir80

Разликата кај домашно или купечко јајце е тоа што едното е од маркет, а другото од дома 🙂 🙂 :). Шала на страна, но има голема разлика всушност. Најдов научни студии и испитувања во лабаратории кои што го потврдуваат тоа. Факт е дека она што го наоѓаме ние во маркет е на еден начин индустриско производство. Притоа, кокошките кои што ги снесуваат тие јајца најчесто се хранат со житарици. Дополнително добиваат и суплементираат витамини и минерали па немаат шанса да ги зимаат по природен пат. Исто така често знае да се дозираат со одредени хормони и со антибиотици доколку има потреба за тоа.

Нормално е дека во такви услови и квалитетот и нутритивната вредност на самото јајце опаѓа и тоа е дефинитивно потврдено. За разлика од нив, домашни јајца се оние кои што доаѓаат од кокошки кои што можеби поинаку се хранат и живеат. Tоа значи дека се пуштени малку послободно да избираат како ќе се хранат. Тоа им придонесува да јадат различни типови на растенија,да јадат и некои мушички, бубачки, црвчиња и.т.н. Се разбира дека ова ќе придонесе за квалитетот на јајцето.

Промената во хранливите вредности

Лабораториски испитувања покажуваат дека домашните јајца имаат доста поголем процент на минерални и витамински вредности. Исто така доколку кокошката можеби е пуштена надвор да се храни по сопствен избор, процентите на омега 3 во самото јајце се многу поголеми. Дури некои научници и доктори велат дека ако ги одгледуваш кокошките и во нивната храна додаваш ленено семе и чиа семе. Тоа ќе придонесе некаде за 39% да се намали една омега 6 масна киселина (arachidonic acid) која што делува воспалително во телото. Исто така тоа допринесува да се зголеми процентот и количината на омега 3 на самото јајце за некаде 5 пати. Така да ова се мои совети и дефинитвно домашното јајце ќе биде поквалитетно од она што го купуваме во маркет.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.