храна за топење масти

Храна за топење масти

Постои ли храна за топење масти

Епизод 600 – дали можеш да ми споделиш и предложиш храна за топење масти? – прашање поставено од @kmickovska

Не постои храна што помага во топење на масти, помагаат навиките кои што ги имаш. Најчесто сметаш дека храна како благо, леб и газирани сокови ти покачуваат сало и масти.  Tаквата перцепција е од причина што многу од вас кои имате големи потреби за благо, најчесто имате неухранетост. Oдносно, тоа се групи на луѓе кои што јадат од еднаш до два пати во текот на денот.

Во вториот дел од денот се јавуваат кризите за шеќер кои што се изразени преку конзумација на тесто, грицки, благо, сокови, енергетски пијалоци. Тоа се многу шеќери кои што прават скокови на инсулин и падови на инсулин. Тоа е најдобриот рецепт за качување на килажа и сало. Имено, со таков начин на живот се покачуваат 2-10 грама на масти дневно. Тоа е толку бавно и неприметно. Секој од нас секојдневно се гледа во огледало и не ги забележува малите разлики. Овие мали разлики за една година се 2-3 килограми повеќе. За две години се веќе 5-6 килограми. Тоа најчесто ги уклучува алармите кај многу од нас, но проблемот е што се бара погрешната стратегија. Се бара кривецот во храната. Затоа и многу често луѓето имаме тенденција да бараме храна или продукти што ќе не ослабнат или ќе ни стопат масти.

Не постои таквата храна

Сметаме дека постои храна и продукти кои што ни качуваат сало и масти . Но тоа не е така. Тоа е поради твоите навики. Решението е следно: воспостави редовност на оброци, пиј повеќе вода и нема да се јавуваат тие кризи. На тој начин ќе си помогнеш да не бараш стратегија за намалување на масти. И за крај не се срами да побараш помош. Дојди во школа за исхрана и реши го еднаш за секогаш пробелмот со исхраната!

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *