5 килограми помалку

5 килограми помалку

Чекори до 5 килограми помалку во еден месец

Епизода 620 – како до 5 килограми помалку за еден месец? – прашање поставено од @kiko777 и @ivan94skopje

Нема формула, нема точно зададен редослед на настани ниту вежби што ќе го гарантираат тоа. Тоа константно го зборувам и ќе го зборувам. И доколку некогаш видиш статија, банер или реклама која што ти вели дека ќе намалиш килограми за точно определен рок, тогаш бегај од таму. Ниту јас можам да ви предвидам и да ви дадам точно определени чекори затоа што премалку знам за вас, но сепак имам некаво размислување и предлог.

Што можеш да преземеш

Јас би ви рекол прво да видите и најдете калкулатор како да ги пресметате ваши калориски потреби во еден ден. Откако ќе го направите тоа и на пример можеби имате 2000 калории потребни на дневно ниво направете еден дефицит. Дефицит значи да скратиш калории од она што твоето тело го бара. Најпрепорачливо е да намалиш некои 400 калории максимум 500 калории. Тоа значи дека 1600 или 1500 е бројката на калории во текот на денот што треба да ја внесувате.

Тие 1600 калории се разбира не треба да дојдат од било каде туку од квалитетна храна. Исто така гледајте да ги имате низ 4-5 оброци во текот на денот и притоа пијте доволно вода. Јас би препорачал ако имате време од сабајле да вметнете одреден кардио тренинг. Дали тоа ќе биде трчање, возење велосипед, дали можеби ќе планинарите или пливате. Половина час на гладно по што ќе следува појадок, па редовност на оброци на 3 до 4 часа, и нормално пиење на доволно на вода.

Не е тоа формулата за како да намалите 5 килограми, но би можело да ви помогне. Сепак тоа не е некоја огромна количина на килажа која што ја побарувате, така да 4 до 5 би можеле со оваа стратегија да ги намалите. А доколку ви треба дополнителна помош и насока, слободно обратете ми се или придружете ни се во школа за исхрана и решете си ја исхраната за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.