празнична сезона

Празнична сезона

6 совети како да преживееш во следнава празнична сезона

Празнична сезона прави штета во исхраната како ураган во крајбрежни населени места. Најчесто предоцна ќе се освестиме од штетата што ќе ја направиме со комбинациите од многу славење, наздравување и кафани :). Едноставно те носи атмосфера плус после втората чашка и здравица се јавува гласот “ај бе нек се ужива у животот, заслужено е “. Па ќе ти текне дека е само овој период и после ќе си си го фател редот. Ова се најкажуваните предновогодишни лаги :).

Како да имаш контрола врз калориите и храната

Не постои една празнична забава во која ќе се интегрираат сите соработници и цела фамилија. Повеќето од нас или организираме забави или сме повикани на забави во ресторани, барови, кафани. На google ако вкуцаш предновогодишни прослави ќе ти излезе царство од опции. И тоа се најчесто ручеци или вечери кои што тежат од калории. Плус па ќе се погоди некој на масата во “форма” и постојано ќе вика “носи нека има” или ќе ти дотура. Прелесно се губи контрола. Тоа не значи дека треба да се исклучиш од социјализацијата и прославите. Тоа значи дека е паметно да имаш некаква стратегија. Затоа денес ќе ти дадам 6 совети што може да ти помогнат.

Ужинај или јади пред да одиш

Со изобилие од храна на сите овие предновогодишни прослави последно нешто што сакаш е да пристигнеш со празен стомак. Изеди некој високопротеински оброк во комбинација со побавни јаглехидрати.

Мудро избирај го мезето

Најчесто на овие прослави ќе има еден тон сувомеснато, тесто и поховано. Тоа се вика предјадење и мезе, а после доаѓа и главното јадење. Најчесто веќе си подуен од мезење, а во главата утреден ќе си го рачунаш само главното јадење проследено со муабет “Е добро де си ја изедов вечерата и после малку што каснав од мезето”. Познато нели :). Подолу ќе можеш да се запознаш повеќе со калориите од мезето што немаш намера да го рачунаш.

Што алкохол ќе избереш

Најмалку калории ќе добиеш доколку избереш вино или пиво. Во листата на добри алкохоли би ги ставил и вотка, џин и виски, но најчесто нив ги консумираме со додаток тоник, швепс, боровница и ги прави проблематични. Мене ако ме прашуваш би одел со една до две ракии или виски и би се префрлил на вино.

Стави си лимит

Тестирај го својот карактер и види од каков материјал си направен. Договори се со себе уште од дома колку ќе испееш и колку ќе изедеш. Барем после нема да се жалиш дека некој ти е крив или прославите ти се криви. Биди јак и барем прифати вина ако не го исполниш тоа што ќе си го ветиш.

Барај тактика за пијалоците

Ако пиеш пиво или вино гледај одржи пропорција, една чаша алкохол со една чаша вода. Ќе те прави полн побрзо и ќе го намали интензитетот на пиење. Или ако преферираш вотка или џин наместо сок пробај со цеден лимон и сода.

Фокусирај се на забавата

Престани да бидеш целосно предаден и фокусиран на софрата. Целта е прослава на успесите и конекција со луѓето. За да имаш добро поминато време ти требаат луѓе и добри разговори и музика, а не количини од алкохол и храна.

Калории во најчестите мезиња во празнична сезона

Маринирани и полнети печурки:
4 печурки = 450-700 калории

Ќофтенца со сос:
4 ќофтенца = 300-400 калории

Фурнаринки и вртени пити
8 стапчиња или четврт пита = 800–1,100 калории

Похована даска со сосови (зденки, кашкавал, пирошки)
6 парчиња од даската = 800-1,000 калории

Поховани или чипс тиквици
8–12 парчиња = 400–600 калории

Мини хамбургери со сосови
2 парчиња = 600 –1,000 калории

Калории во вино и пиво 
Пиво: 240 мл = 150 калории
Темно пиво: 240 мл = 170 калории
Вино (црвено, бело): 180 мл = 120 калории

Калории во коктели

Нема да важи за сите барови и локали затоа што се разликуваат количините, но ова е некој просек по кој што можеш да се водиш.

Bloody Mary: 300мл = 180 калории
Cosmopolitan: 120мл = 215 калории
Џин тоник: 240мл = 215 калории
Long Island: 240мл = 800 калории
Mai tai: 240мл = 600 калории
Margarita: 240мл = 700 калории
Martini: 90мл = 180 калории
Mojito: 180мл = 160 калории
Piña Colada: 180мл = 600 калории
White Russian: 150мл = 425 калории

Остави коментар

Your email address will not be published.