религиски пости

Религиски пости

Предности и недостатоци на двата најпрактикувани религиски пости

Епизода 735 – кои се разликите помеѓу најголеми религиски пости кај христијаните и муслиманите и какви се негативностите ако воопшто ги има? – прашање поставено од Ѓорѓи

Ѓорѓи негативностите се во тоа што многу луѓе постите ги користат како начин да слабеат. Тоа е најгоелмиот грев што го прават. Постење од себични причини, а не како начин да го прочистат телото, како начин да им помогнат на луѓето што немаат. Суштината на тоа откажување од продукти е чистење на себеси, градење на трпение и карактер и помагање на другите.

Разликата помеѓу нив

Муслиманските пости како овој сега, е во модерно време intermittent fasting :). Intermittent fasting знаеме дека активира автофагија и е супер. Не сум среќен само за делот со непиењето на вода, но тоа е нешто што нивната религија го налага. Она што не ми се допаѓа повторно е нивниот пристап. Повеќето луѓе кои што ги следат овие пости едвај чекаат да дојде Ифтар. Во денешни услови тоа е околу 7 :30 попладне при што повеќето седнуваат на маса и се прејадуваат. Не е тоа идејата на постењето, така да тука е негативноста, а не во самата исхрана.

Христијанските пости во модерно време се најблизу до веганството што повторно многу од науката вели дека е супер исхрана. Има многу здравствени придобивки. И двата се направени да луѓето вежбаат трпение, да даваат, да се прочистат, а не да ослабнат. Последицата слабеење во период на пост е само поради тоа што од незнаење како да се комплетира исхраната, се кратат калории. Најчесто потоа ги враќаат назад килограми бидејки телото е ставено во одбрабен механизам.

Супер се и двата, не за џабе се вметнати во религиите и е добро човек да ги практикува. Дури и без да бидеш верник на некоја религија која што има име.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.