cheat meals

Cheat meals кога правам 16:8 фастинг

Дали со повремени cheat meals за време на 16:8 часа fasting си правиме лошо ?

За оние што не знаете cheat meals се оброците кои ги рачунаме како задоволство. Исто така доколку не си запознат/а, 16:8 fasting е стратегија на исхрана во која 16 часа не јадеш ништо, а во временскиот интервал подоцна од 8 часа практично треба да ги исконзумираш калориите и хранливите вредности кои што ти се потребни.

Дали си правиш нешто лошо? Не постои оброк од процесираната храна што не ти прави лошо. Ако е само еден оброк во текот на неделата нема да ти направи никаков посериозен проблем. Ако од 365 дена само 60 се со вклучени некакви задоволства, тогаш овие 300 ќе победат. Така да не се случува во телото хаварија од една грешка или правење на едно задоволство. Во телото настанува хаварија или се случува убавина поради практикување на континуитет, дали се тоа добри или лоши навики.

Што се случува при јадење на процесирана храна

Без разлика дали се работи за fasting или било каков добар начин на исхрана, секако дека моментално ќе се случи хаос во телото. Тоа е особено изразито со кардиоваскуларниот систем. Протокот на крв ќе се намали некаде за 30-40%. Со тоа и дотокот на кислород, па ќе се јават падови на енергија и дремливост. Овде ќе се активираат системите за да ги исфрлат вишоците на натриум, адитиви, бои, емулгатори и се што внесуваме од процесираната храна.

Навистина се случува моментална хаварија што трае до неколку часови, но сепак твојата дисциплина од претходните 6 дена ќе успее тоа да го закрпи и да го поправи. Затоа ако ме прашуваш дали моментално ќе се случи хаварија, одговорот е да. Сепак, на долг рок нема ништо посебно да се случи. Многу е поважно да се запрашаш зошто ти е потребата? Зошто ти е грижата на совест од тие задоволства и cheat meals? Mногу често посегнувања по задоволствата не е само потреба за да го смениш вкусот, туку и физичка потреба на телото за шеќери и брза енергија. Ако е ова второто, тогаш имаме проблем. За тоа имам многу едноставен совет да ти дадам па дури и кога си во fasting 16:8.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.