Колку вода да пијам – и што може да ја замени
На прашањето колку вода да пијам многу луѓе ќе си одговорат: “пијам течности”, “стигам до 2 литра”, “кога сум жеден” итн ☺. И кога сме веќе таму, дали навистина знаеш колку пиеш?
Сигурно сте сретнале податок дека нашето тело е 60–70% составено од вода. Во превод тоа значи дека водата е од есенцијално значење. Доколку сте сведок на главоболки, проблем со столица, сува кожа, падови на концентрација, непријатен здив треба да почнете да размислувате колку го хидрирате телото.
Колку, кога, од каде
Под пиење вода не се подразбира пиење течности. Имено никој од нас не се тушира со сок, пиво, кафе… Единствена замена за водата може да биде незасладен чај, домашна супа, алое вера и течности кои немаат додано шеќери. Секој од нас има различни потреби, па според СЗО на секои 25кг телесна маса доаѓа 1л вода (ако имате 75кг ви треба 3л вода). Можеби сега ти звучи лудо, особено ако си скаран со навиката за пиење вода. Но, идејата не е од утре да почнеш со потребната количина ако до денес си пиел 2 чаши. Целта нека ти биде постопено да наголемуваш по 100-200 мл дневно. За три или четири недели стигни до посакуваната количина на вода.
Уште повеќе, доколку тоа ти е во соработка со добра исхрана имаш уште поголеми шанси за успех. Тоа е така затоа што сите метаболички процеси во телото функционираат во присуство на вода. Преку доволен внес на храна и хранливи вредности ќе се зголеми потребата за вода. Дополнително на тоа неизбежно ќе биде да внесуваш и храна што самата по себе ќе биде хидрирачка. Постојат многу овошја и зеленчуци со кои потенцијално можеш да ја подобриш хидрација. И на овој начин едноставно ќе заборавиш на прашањето колку вода да пијам.
И за крај не значи дека треба да ја испиеш водата на 2–3 пати ☺. Цел ден по малку.
7 Comments