кето исхрана

Кето исхрана

Дали кето исхрана е за тебе

Епизода 652 – Што е твоето мислење за кето исхрана? – прашање поставено од @tourbillionheart

Многу добро мислење имам за оваа исхрана. Многу е актуелна особено на запад, па дури многу болници и многу доктори ја препорачуваат како антивоспалителна исхрана. Се работи за состојба каде што го потикнуваш телото преку многу мал внес на јаглехидрати да создава енергија. Кето исхрана вели 5 % од калориите да бидат од јаглехидрати, 20-25% од протеини и 70-75% да бидат од масти.

Премногу се јаде мрсна храна за да се обезбеди доволно гориво. Кетозата е процес каде што црниот дроб почнува да создава молекули кои што се викаат кетони. Тие се практчно молекули кои што ги претвараат мастите во енергија и ги заменуваат јаглехидратите односно гликозата која што вообичаено претставува основен извор на енергија за нашето тело. За мене тоа многу добар процес. Јас на своја кожа ја применив во период од три месеци. Ја правев од февруари до крај на април.

Дали би можел да ја поднесеш

Телесните резултати беа супер. Намали 6-7% на поткожни масти. Притоа тоа беа само 3 килограми намалени, но во изглед многу се смени телото. Свежината ми беше супер, но овде има само едно прашање, а тоа е какво ти е мислењето и ставот за месото. Дали дигестивниот систем ти го поднесува без пречки? За да обезбедиш 70% од твојот калориски внес преку масти  тоа подразбира 2 пати дневно секако да јадеш месо.

Дополнително треба да вклучуваш можеби помасни кашкавали, павлака за готвење, путер и.т.н. Сето ова и повеќе е потребно за да обезбедиш доволно масти, а ова некои од вас не го поднесуваат. Не значи дека кето исхраната е најдобрата. За мене добро функционирала. Можеби за тебе ќе биде intermittent fasting. Можеби ќе биде медитеранска исхрана или веганство или безглутенска.

Генерално моето мислење е супер, моето искуство е супер а и голем дел од научните студии велат дека кето исхраната е одлична.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.